Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нови детали за пукањето во училиште во Србија: Притвор за ученикот и неговиот татко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 47 минути -

Свет
media-librarycoqhqjb31gba4tzRfN7
фото: Илустрација

Судот во Крагуевац одреди притвор до 30 дена за 17-годишниот В. М., осомничен дека на 24 ноември пукал во Првото техничко училиште и повредил две лица. Притвор до 30 дена му е одреден и на неговиот татко, кој се сомничи за нелегално поседување и носење огнено оружје.

— реклама —

На малолетникот, по сослушувањето пред судија за малолетници на Вишиот суд во Крагуевац, му е одреден притвор за да не влијае врз сведоците, да не го повтори кривичното дело и поради вознемиреност во јавноста.

Против него е поднесено барање за поведување подготвителна постапка поради сомнение за кривично дело тешко убиство во обид, како и недозволено производство, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материи.

— реклама —

Според досегашните сознанија од истрагата, малолетникот во вторникот во холот на училиштето пукал од малокалибарска пушка, при што повредил една вработена во училиштето, додека друга жена била повредена од парчиња скршено стакло.

— реклама —

На неговиот татко му се става на товар кривично дело недозволено држење и носење огнено оружје, муниција и експлозивни материи.

Истрагата за околностите на инцидентот, како и за начинот на кој малолетникот дошол до оружјето, сè уште е во тек.

— реклама —

По пукањето, една од двете повредени работнички била пуштена на домашно лекување, додека другата останала на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarybhsum7hpssvmecty4Ln

Фрлил молотов коктел кон ресторан, уапсен 19-годишник во Белград

Свет | пред 21 минута

— реклама —
media-library726kcs1sqmohaKLbEzZ

Кривична пријава против Вучиќ и Брнабиќ: Наводна штета за „Телеком Србија“ надминува 1,2 милијарди евра

Балкан | пред 4 часа

media-librarya4q0k1s04tav09fyuYY

Уапсен сопственикот на телевизијата „Информер“ Драган Ј. Вучиќевиќ

Балкан | пред 8 часа

media-libraryl6piqjgtqtiv1SLLFcS

(Видео) Новиот претседател на српското Собрание повторно му го исклучуваше микрофонот на Вучиќ поради прекорачување на времето

Настани | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања