Промени тема
Контакт

Нови дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“, полицијата прави евакуација и проверки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryqspf3931fllj12XiQaT
Илустрација

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, по што веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен.

— реклама —

Од МВР информираат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите.

— реклама —

„На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри“, велат од МВР за „Скопје1“.

— реклама —

Во меѓувреме, според сведоштво на посетител, во „Ист гејт мол“ се врши евакуација, а на граѓаните им било укажано да се оддалечат од објектот од безбедносни причини.

Слични дојави за бомби во трговски центри во Скопје се регистрираат во континуитет изминативе години и сите се покажаа како лажни. Досега, институциите не успеаја да го утврдат идентитетот на лицата што стојат зад овие закани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

37-годишен маж ја силувал сопругата, па ја претепал малолетната ќерка

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library1om1k54rutqeeqTawzV

Го пуштила кучето без поводник, па тоа нападнало човек - кривична пријава за 42-годишна жена

Македонија | пред 7 часа

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведен 48-годишен кумановец, физички ја нападнал сопругата

Македонија | пред 7 часа

media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Валандово, повреден 60-годишник

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања