Промени тема
Контакт

Нови докази за грозоморни борби со кучиња во Охрид: раскрварени миленици и порака „никој ништо не ни може“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Screenshot-2023-12-22-at-12.56.06

Иницијативата за заштита на животните „Лајка“ објави фотографии од раскрварено куче, тврдејќи дека борбите со кучиња во Охрид продолжиле. За ваков случај беше поднесена и кривична пријава, по која не се знае дали Обвинителството постапува.

„Нов доказен материјал со нови "јунаци" кои се палат на туѓ страдеж и крв, и кои јавно се фалат со своето апла прекршување на законите за кое нешто не само прекршочно но и кривично се одговара. И зошто ги има нови? Затоа што институциите потфрлаат, оние кои должни се да доведат ред и законие во нашата земја ги нема нигде и никаде за примена на законите во дело, за вршење контроли, санкции и казни, со која инертност и селективност праќаат сигнал ваквите морбидни ликови да се множат и дополнително силат како тоа "никој ништо не им може", како тоа "се над законите". За случајот со борбите во Охрид и натаму молк, и нема никаков абер дека некој кривично одговарал, иако и повеќе од јасно беше кои ликови беа (најверојатно и сѐ уште се) вклучени во таквите грозоморија“, пишуваат од „Лајка“.

— реклама —
— реклама —

— реклама —

Претходно активистите беа децидни дека организаторите и се познати на полицијата но не ги санкционира. Тие се фотографирале и со пехари во рацете. Борбите со кучиња траат се додека едно од нив не биде усмртено. Тоа што ќе преживее, му носи победа на сопственикот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања