Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нови измени на Законот за заразни болести на ЕНЕР: Воведуваме дигитализација и електронски систем за пријавување заразни болести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryaifiiuirnv9ndMy92Vr

Министерството за здравство информира дека на електронскиот национален регистар на прописи ЕНЕР се објавени најновите измени и дополнувања на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Меѓу позначајните новини кои се опфатени со овие законски измени е дополнувањето на листата на заразни болести кои подлежат на задолжително пријавување, како и унифицирање на начинот на функционирање на АЛЕРТ 2.0 - синдромскиот систем за брзо известување и предупредување, согласно збирот на симптоми и знаци кои се присутни кај пациентите,

— реклама —

Со најновите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести предвидуваме воведување електронски систем за пријавување на заразните болести кои подлежат за задолжително пријавување. Исто така, предвидена е дигитализација и заштита на личните податоци преку воведување нов член кој овозможува користење интернет платформи и паметни апликации, а воедно се елиминира ризикот од неовластено располагање со податоците, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Исто така, со законските измени се предвидува обврска за континуирана едукација за ДДД, која ја спроведува Институтот за јавно здравје, проширена листа на патогени, како и информатичко поврзување на микробиолошките лаборатории.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања