„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Нови мерки во Општина Карпош за зголемување на јавната хигиена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Slika-zgolemuvanje-na-higiena

Општина Карпош воведува нови мерки за зголемување на јавната хигиена во сите урбани заедници. Од овој викенд, комуналните служби на Општината ќе работат и во текот на викендот, со цел да се зголеми тековното одржување на јавната хигиена.

— реклама —

Саботата ќе биде работен ден за хигиеничарите, а во недела се воведуваат дежурни служби.

„Имајќи го предвид фактот дека хигиената и заштитата на животната средина е еден од најгорливите проблеми на граѓаните, во претстојниот период, освен викенд работата за хигиеничарите, Општината дополнително ќе постави и нови корпи за отпадоци низ населбите.

— реклама —

Исто така, во соработка со Град Скопје, ќе бидат поставени и нови подземни контејнери кои ќе овозможат правилно управување со отпадот. За оваа мерка, Советот на Општина Карпош одвoи два милиони денари.

Во оваа прилика, ги потсетуваме сите граѓани дека е активна и телефонската линија за пријавување на електричен и електронски отпад: 070 – 236 – 000.

Освен овие нови мерки, Секторот за животна средина и енергетска ефикасност работи на воспоставување на систем за собирање на кабастиот отпад. Граѓаните навремено ќе ги информираме за локациите на собирните пунктови во нивните населби.

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани и правни лица, посебно градежните компании, да водат повеќе грижа за заштитата на животната средина. Во спротивно, сите субејкти кои придонесуваат за загадувањето на околината ќе бидат санкционирани“, велат од Општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања