Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Нови покачувања на платите, одобри Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vlada

— реклама —
Владата на Република Северна Македонија на денешната 150-та седница разгледа и усвои повеќе одлуки, меѓу кои за зголемување од пет проценти од септември на платите во основното, средното и високото образование и во научните институти, за намалување на ДДВ-то кај одредени лекови, кај топлинската енергија и за основање ново училиште во Oпштина Центар со назив „Киро Глигоров“, како и за усвојување на Етичкиот кодекс за членовите на Владата, носителите на јавни функции именувани од страна на Владата и советниците носители на извршни функции.

На 150-тата седница, информираат од владината прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за покачување на платите во основното, средното и високото образование во Република Северна Македонија за 5% почнувајќи од исплата за септември 2019 година и го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.

— реклама —

Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5%, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања