Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Нови правила на македонските патарини: МTAG добива посебни ленти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Македонија
media-libraryfd9c9gjn64ck9tnkD7t

Возачите кои од денеска ќе минуваат низ патарините на македонските автопати треба да внимаваат на новиот режим на наплата, бидејќи стапуваат во сила измени во користењето на лентите за електронско плаќање.

Според информациите од Јавното претпријатие за државни патишта, лентите означени за системот МTAG отсега ќе бидат наменети исклучиво за возила што плаќаат со електронски тагови. Со тоа се укинува досегашната можност на овие ленти да се користат и МCard картички.

— реклама —

Тоа значи дека возачите кои користат МCard ќе треба да ја реализираат наплатата преку останатите ленти на наплатните станици, во согласност со нивната намена и сообраќајното означување.

Од ЈПДП апелираат до сите учесници во сообраќајот внимателно да ги следат информативните електронски табли и поставената сигнализација пред патарините, со цел да се избегнат непотребни застои и задржувања.

— реклама —

Надлежните очекуваат новиот режим на работа да придонесе за побрз проток на возила и поголема ефикасност на наплатните станици во периодот кога се очекува зголемена фреквенција на сообраќај поради летните одмори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

d7g0nogmanx96hggerls

Возачите револтирани по новите правила на патарините: „Која е поентата на MCard ако чекаме со кеш?“

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryl4h8fjrpaasm6Hqt2OS

Нови правила на патарините: Од утре лентите за M-Tag исклучиво за електронска наплата

Македонија | пред 1 ден

media-libraryfd9c9gjn64ck9tnkD7t

Од 15 јуни MTAG лентите на патарините ќе бидат само за електронски тагови

Македонија | пред 2 седмици

Screenshot-2025-07-26-at-10.14.19

(Видео) Колона од возила поминала патарина без плаќање – снимка ја разбранува јавноста, ЈПДП најавува дисциплински мерки

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања