Промени тема
Контакт

Нови рочишта за предметите „Тендери“ и „Трезор“ на СЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
rocista

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочиште за предметите „Тендери“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство.

— реклама —

Во случајот „Тендери“ обвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Случајот се наоѓа во доказна постапка.

— реклама —
— реклама —

Во случајот  „Трезор“, првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања