Нови рочишта за „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во Кривичниот суд за денеска закажани се нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“, „Титаник 3“ и „Тарифа“.

— реклама —

Судијата Огнен Ставрев на последното рочиште за „Титаник 2“  најави дека денеска ќе бидат разгледани новите докази што ги достави обвинетиот Бедредин Ибраими во случајот „Титаник 2“, а кои се однесуваат на исказите што ги дал во ОЈО кога предметот бил во тоа обвинителство.

— реклама —

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

— реклама —

Поради службено отстуство на претседателот на судечкиот совет Оља Ристова, минатото рочиште за предметот „Титаник 3″ на СЈО беше одложено за денеска. Во предметот се обвинети пратеникот на ДУИ Ејуп Алими и Исмет Гури за изборни нерегуларности во Општина Чаир.

На обвинителна клупа  денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“  Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети  во случајот „Тарифа“ на СЈО.

Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања