Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Нови случаи на семејно насилство во Гостивар, Битола, Крива Паланка и Скопје, приведени четири лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Повеќе случаи на семејно насилство се регистрирани во Гостивар, Битола, Крива Паланка и Скопје, при што мажи физички ги нападнале своите сопруги и им упатувале закани. МВР информира и за случај во Тетово во кој маж не ја почитувал судската мерка за заштита на поранешната сопруга.

— реклама —

Во Гостиварско, 35-годишниот К.А. по расправија во семејниот дом физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга и им се заканувал нејзе и на нејзиното семејство. Против него е поднесена кривична пријава за телесна повреда.

— реклама —

Во Битолско, полицијата го привела 46-годишниот Н.П. по пријава од неговата 40-годишна сопруга дека ја нападнал и ѝ се заканувал во семејниот дом. Во Крива Паланка, пак, бил приведен 35-годишниот Д.М., кој физички ја нападнал сопругата и ѝ упатувал закани.

— реклама —

Во скопската населба Карпош бил приведен и 41-годишниот Т.А.П., осомничен дека ја нападнал својата 55-годишна сопруга во нивниот дом.

— реклама —

Дополнително, СВР Тетово поднело кривична пријава против 35-годишниот А.А. од селото Порој за неизвршување судска одлука. Според МВР, тој телефонски ѝ се заканувал на поранешната сопруга, а на 4 и 5 август се појавил на нејзиното работно место, спротивно на судската одлука од 25 јуни 2026 година, со која му била изречена мерка за заштита од семејно насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Двајца полицајци на граничниот премин „Долно Блаце“ примиле поткуп од двајца турски државјани за да им овозможат влез во Македонија

Македонија | пред 8 минути

— реклама —
media-libraryevj4fem9v9lo07dnvtL

Полицијата откри незаконит риболов кај Пештани, одземени 18 мрежи и 874 риби

Македонија | пред 10 минути

media-library7kaun3ev6mucbcNf2j2

Пожар во стан на Бит-пазар: Сопственикот и полициски службеник завршија со повреди

Македонија | пред 11 минута

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Криумчарење мигранти кај Куманово: 29-годишник превезувал петмина државјани на Непал

Македонија | пред 15 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања