Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Нови случаи на заболени во Гостивар и реинфекции – пет недели власта нема решение“, вели Штерјова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarygav905n1t8lb1PbWNMF

Здравствената криза во Гостивар продолжува, а граѓаните и по пет недели сè уште немаат безбедна вода за пиење, обвини портпаролката на СДСМ Кети Штерјова на денешната прес-конференција.

— реклама —

Штерјова изјави дека, според информации со кои располага партијата, има нови заболени, како и случаи на реинфекција кај граѓани кои повторно се разболеле. Според неа, тоа укажува дека ризикот сè уште не е отстранет и дека причината за загадувањето не е ставена под контрола.

Од СДСМ обвинуваат дека пет недели министерот за здравство Сашо Клековски и премиерот Христијан Мицкоски даваат различни најави и ветувања дека решението е блиску, но конкретно решение сè уште нема.

— реклама —

Партијата бара одговори за информациите поврзани со квалитетот на водата, како и за тоа кој одобрил таа да се користи како техничка вода, откако биле утврдени бактерии.

— реклама —

Штерјова посочи дека до 20 август, кога Клековски најавил завршување на анализите, останува ризикот од појава на нови случаи.

СДСМ побара одговорност од надлежните институции и праша зошто Јавното обвинителство сè уште не реагирало.

— реклама —

„Одговорност за труењето на цел еден град мора да има – и политичка и кривична“, порача Штерјова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

„Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library0cfj5c49eoj6eEiT0xx

Талески: ВМРО го партизира и Советот за граѓански надзор – партиски вдомувања за паушали од 90.000 денари

Македонија | пред 1 ден

media-library93nenmtullj09tH7s2N

„Мицкоски го штити Тошковски, Тошковски го штити Мицкоски – уште колку жртви за одговорност?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

media-libraryfrm7d2bpuidgfvHVxlg

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања