Повеќе од еден месец по киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски, случајот добива нова димензија. Неговиот адвокат Бранислав Станишиќ тврди дека постојат индиции оти нападот можеби бил нарачан од лице кое пејачот го познава.
Станишиќ изјави дека одбраната располага со одредени информации и сомнежи, кои веќе се споделени со надлежните институции.
„Имаме сомнежи поврзани со луѓе што Даниел ги познава и со кои имал контакт во минатото“, посочи адвокатот.
Според него, извршителите на киднапирањето најверојатно биле ангажирани лица, односно странци. Врз основа на нивниот изглед и јазик, како што наведува, можно е да потекнуваат од Турција, Македонија или од Виена, каде Кајмакоски живеел подолг период.
Клучното прашање, според одбраната, е кој стои зад нарачката и кој ги ангажирал киднаперите.
Покрај психолошката траума, пејачот се соочува и со материјална штета. Неговиот автомобил, вреден околу 30.000 евра, бил задржан од полицијата заради вештачење, а по враќањето бил значително оштетен.
„Штетата е околу 5.000 евра – оштетени се браникот, тркалото, радијаторот и целиот агол на возилото“, изјави Станишиќ.
И покрај настанот, Кајмакоски повторно настапил во Белград, на истата локација каде што се случило киднапирањето, само една недела по инцидентот.
Истрагата за случајот продолжува, а сторителите сè уште не се пронајдени.