Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Нови сообраќајни измамници, скокаат пред возило и глумат повредени за да изнудат пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Полицијата има информација дека во Скопје има т.н. сообраќајни измамници, но засега не успеале на дело да ги фатат сторителите. Неофицијално, досега се регистрирани тројца мажи на возраст од 35 до 55 години во Скопје и во Струмица како „оперираат“ на терен, но засега законот не им може ништо. Не се знае ни колку пари од жртвите имаат земено досега, објави  slobodenpecat.mk. 

— реклама —

Двајца скопјани „оперираат“ на пешачкиот премин кај Црвениот крст односно кај објектот на МАНУ, додека пак, струмичанец на пешачкиот премин спроти Т.Ц. „Глобал“. Според соговорник-таксист од Скопје, жртва на оваа измама, само тој останал покус за 3.000 денари за да се спаси од проблеми со законот.

– Наводно повредениот легнува на земја, плаче и вреска на сиот глас дека го боли во градите, а неговиот „партнер“ пак се витка од болка дека е повреден во нозете. Многу непријатна сцена. Не сте во можност да докажувате дека не сте ги повредиле, а не ви вреди ниту да имате безбедносна камера во возилото, бидејќи полицијата не ја зема предвид како доказ. Еден од наводно повредените со крајни маки се исправи пред моето возило додека јас стоев и не ми се веруваше дека луѓето паднаа без јас да ги повредам. Ми рече да им платам за тоа што сум ги повредил, инаку ќе викнеле полиција и ќе ме тужеле – раскажува жртвата за slobodenpecat.mk. 

— реклама —

Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања