Промени тема
Контакт

Нови туристичко-информативни табли на Пониква

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
0-02-0a-fe0c15449802384a66c28ac7207b3fce84a0e8a895005346379f63a81583463d_5f68634b9d421cf6

Македонско еколошко друштво во соработка со ЗП „Осоговски Планини“ денеска на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите на подрачјето. Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност, како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот.

„Заштитениот предел ‘Осоговски Планини’ е дом на шуми со висока природна вредност кои се особено значајни за поддржување на биолошката разновидност и здравиот живот на луѓето. Токму затоа, ова е локацијата на која денеска ги одбележуваме Денот на пролетта и Денот на шумите“ – изјави Деспина Китанова, раководител на програма во МЕД.

— реклама —
— реклама —

Туристичките информативни табли се изработени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија

— реклама —

Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да ѝ помогне на Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување. Излезната фаза од Програмата за зачувување на природата во Македонија е координирана од проектен тим кој се состои од претставници на Фармахем a МЕД е вклучен во програмата како партнер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања