„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Нови вакцини со истечен рок, ќе има санкции за увозникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vakcina

Нови вакцини со декларации со истечен рок се најдени при инспекцискиот надзор на терен во вакциналните пунктови, еден ден пред посетата на претставници од белгискиот производител „Глаксо Смит Клајн“ од Белград, пишува Независен.

— реклама —

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, Ќахил Ибраими, не открива за колку вакцини МРП со погрешно аплицирани декларации станува збор и во кои здравствени домови и градови.

„Треба точно да се утврди на колку вакцини им биле аплицирани декларации со истечен рок. Планираме денеска да ги имаме резултатите од контролата и да ги обелодениме. Се проверуваат и вакциналните пунктови. Тоа што е направено со декларациите е техничка грешка. Ќе има санкции за компанијата увозник по ваквиот пропуст, тоа во моментов го разгледуваме“, објаснува Ибраими за „Независен весник“.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања