Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Нови закони пред пратениците, ќе се усвојуваат и извештаи за работа на државните агенции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
49946856_1984427608320840_1346930271198380032_n

Во Собранието на Република Македонија за денеска закажани се седници на комисиите за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2018 година.

— реклама —

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак ќе расправаат по Годишниот извештај за работа на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за 2018 година

— реклама —

На седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за изменување на Законот за прекршоците во прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за празниците во Република Македонија во прво читање и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2018 година.

— реклама —

На седницата на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог законот за изменување на Законот за пожарникарството во прво читање.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања