Промени тема
Контакт

Нови жртви, на стари шеми на измами: Лажно се претставил како лекар и одзел 7.000 евра од брачен пар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
pari

Седумдесет и шестгодишна жена од Битола била жртва на телефонска измама, при што заедно со сопругот предала 7.000 евра на непознато лице, кое лажно се претставило како лекар.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 6 февруари 2026 година во 11:25 часот во СВР Битола, оштетената пријавила дека на телефон ѝ се јавило непознато машко лице и ѝ кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа. Лицето тврдело дека се потребни пари за да ѝ се спаси животот.

— реклама —
— реклама —

Според пријавата, жената и нејзиниот сопруг ги собрале парите и, по договор, ги предале на лице кое ги чекало кај Саат-кулата во Битола. Подоцна, тие сфатиле дека биле измамени, откако утврдиле дека нивната внука воопшто не учествувала во сообраќајна несреќа.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

„Мерцедес“ се превртел и удрил во дрво на патот Берово–Виница

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryb10uhua2a5mle7hNCKg

Заталкано зрно од огнено оружје пронајдено во близина на куќа во Драчево

Македонија | пред 1 месец

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Драма во Куманово: Полицаец со нож нападнал колега кој се обидел да го уапси

Македонија | пред 5 месеци

media-library75id1ib15omh5zdTe2Y

Уапсени пет лица од кои четири малолетници за лажните дојави за бомби во тетовските училишта

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања