Новинар до Ременски: Не ве личи да строите новинар како професорка на час - тоа во партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
remenski

Ременски изгледа не знае дека прашања не се демантираат туку се одговараат. Се познаваме со неа, од професионална гледна точка. Мислењето од порано до сега е небо-земја.

— реклама —

Таа прво треба да разбере дека не може дрско да се однесува со новинари.

Второ, излажа. Вели “Само еден новинар побара од мене изјава”. Во нејзин стил, онака дрско, ќе кажам дека лаже. Почитувана пратеничке, на 24 август ви беше побарано интервју. Вие, онака како што и во минатото знаевте да постапите, не одговоривте на поканата. Исто како што не одговарате ниту на повиците за изјава. И тоа, оставен ви беше термин да снимаме кога вас ќе ви одговара.

— реклама —

И да, политичар сте. Не ве личи во стилот на некогашно ВМРО-ДПМНЕ да ги строите новинарите и како професорка на час да ги учите на ред и поредок, што да прашаат, што не. Тоа можете во партија.

Гледајќи како лажете пред камери во врска со тоа што го напоменав, јас не знам како би ви верувал во некој ваш кажан збор.

Разочарување. Големо.

Кристијан Ландов (Фејсбу статус)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања