„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Новинар на Вашингтон пост исчезна во Истанбул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Новинар на Вашинготн Пост исчезна во Истанбул. Турција тврди дека тој се наоѓа во конзулатот на Саудиска Арабија, но од таму велат дека тој одамна ја напуштил нивната зграда.

— реклама —

Во соопштението од саудискиот конзулат пишува дека неговите дипломати работат со турските локални власти со цел да ги откријат причините за исчезнувањето на Џамал Кашоги откако ја напуштил зградата на конзулатот. Соопштението го објави државната саудиска новинска агенција, откако претходно портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги извести медумите дека турските власти веруваат дека саудискиот новинар е се уште во конзулатот.

— реклама —

„Според информациите кои ги имаме, оваа личност која е саудиски државјанин се уште е во саудискиот конзулат во Истанбул“, изјави Ибрахим Кан.

Од друга страна, Вашингтон Пост, пријателите на Кашогија и неговата вереница тврдат дека тој влегол во конзулатот во вторникот со цел да предаде некои документи, а потоа исчезнал.

Кашоги досега има интервју со Бил Ладен и повремено патувал со него во периодот од 1987 до 1995 година, а кога на предводникот на Ал Каеда му е одземено саудиското државјанство, се обидел да го помири со саудиските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања