Новинарот бил растопен и фрлен во канализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Турските истражни органи соопштуваат нови детали поврзани со бруталното убиство на новинарот на Вашингтон Пост, Џамал Кашоги.

— реклама —

Убијците на Кашоги, кои брутално го убиле на 2 октомври во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, го задавиле новинарот, неговото тело го распарчиле, потоа парчињата ги растпиле во киселина, за на крај да ги исфрлат остатоците во канализација.

— реклама —

Деталите денеска ги објави турскиот весник ,,Сабах”, повикувајќи се на извори од истрагата. Tоа било утврдено со испитување на примероци земени од канализацискиот систем во резиденцијата на саудискиот конзул.

— реклама —

Властите во Саудиска Арабија негираа поврзаност со убиството, но конечно под притисок на меѓународната заедница признаа дека Кашоги го убиле, но без одобрение од кралското семејство во Ријад.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања