Новинарот Ландов нападнат од судијка, се бара Судскиот совет да реагира и санкционира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
gadfgadsf

Новинарот Кристијан Ландов минатата недела бил спречен да ја врши својата новинарска должност додека бил во Граѓанскиот суд во Скопје, каде што бил присутен како јавност на закажаната главна расправа, се вели во соопштението на Здружението на новинарите на Македонија.

— реклама —

По започнувањето на расправата новинарска екипа на „Макфакс” и „А1он” била вербално нападната од судијката Наташа Тодорова, со закана која може да се протолкува исклучиво како обид за цензура и попречување при вршење на новинарската професија. Откако започнала судската расправа, судијката го легитимирала колегата Ландов како новинар, му ја побарала новинарската легитимација и откако било утврдено дека е уредно издадена од работодавачот, седнал во делот определен за јавност. Кога судијката завршила со евидентирање на останатите присутни, без било какво објаснување со висок тон му ги упатила зборовите: „Што правите вие? Соберете тоа лаптопот, одма! Да не ви го одземам и да го носам кај претседателот на судот. Собирајте тоа, не може”.

— реклама —

Ландов појаснил дека лаптопот не снима и нема таква можност, туку го употребува само за пишување забелешки од судењето со вел да се избегнат интерпретации кои нема да одговараат со тоа што навистина се случувало. Судијката, без објаснување повторно се обратила со висок тон со зборовите: „Нема што вие да фаќате забелешки, судот води записник, не вие. Собирајте се!”.

— реклама —

На овој начин колегата Ландов бил спречен да ја изврши својата новинарска работа. Здружението на новинарите на Македонија го осудува крајно непрофесионалното однесување на судијката Наташа Тодорова во Граѓанскиот суд во Скопје кон колегата Ландов. Сметаме дека оваа постапка е несоодветна и претставува обид за цензура.

Очекуваме од Судскиот совет до кој од новинарот Ландов, помогнат од ЗНМ, беше доставена претставка во име на колегата Ландов, да преземе мерки кон неодговорната судијка со цел да не дозволи ваква непримерна комуникација во иднина но и да ги заштити правата на новинарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања