„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Новинарските здруженија: Пратеникот Апасиев да не шири омраза и нетрпеливост кон новинарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудија навредите, омаловажувањата, етикетирањата и заканите со тужби од претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев насочени кон новинарките Габриела Димковиќ-Мишевска и Мери Јордановска од А1он.

— реклама —

Како што појаснуваат од ССНМ, откако Димковиќ побарала од Апасиев коментар за потребите за текст поврзан со финансирањето на политичките партии добила непримерни одговори, целосно несоодветни и неприфатливи за јавна личност, која би требало да ги претставува и да ги застапува интересите на сите граѓани во законодавниот дом.

„Понатаму, Апасиев во два наврати на својот Фејсбук профил со омаловажувачки и навредувачки тон се обраќа како кон новинарките, така и кон Здружението на новинари на Македонија, а се заканува и со тужби. Потсетуваме дека релевантните организации како Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари на кои ССНМ е член, заканите со тужби и тужбите кон новинари од поодамна ги означуваат како притисок врз слободата на изразување и на медиумите. Овие негови написи содржат елементи на говор на омраза и истовремено отвораат простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите и медиумските работници, што пак, многу често може да заврши и со насилство кон нашите колеги“, велат од синдикатот.

— реклама —

Од ЗНМ пак најавија дека ќе побараат преземање дополнителни мерки од МВР.

„Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години. ЗНМ за овој инцидент ќе поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и ќе бара да се преземат дополнителни мерки од страна на МВР за овој случај.

Ова не е прв пат пратеникот Апасиев јавно да се пресметува со новинари и медиуми за кои не му се допаѓа како известуваат. За потсетување, минатиот месец, ЗНМ поднесе претставка за прекршување на етичкиот кодекс на пратеници до Собранието на РСМ поради јавното омаловажување на пратеникот Апасиев кон новинарот Боби Христов од ТВ Телма“, велат од ЗНМ.

Избраните и именуваните функционери кои добиваат плата од парите на граѓаните мора да внимаваат како комуницираат со јавноста, односно со медиумите, без оглед на тоа дали им се допаѓа или не уредувачката политика на медиумите, укажуваат здруженијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања