„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Новини во националниот систем МојТермин - се воведуваат два нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bolnica-123

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин, со цел подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите.

— реклама —

Најзначајната новина која се воведува се два нови упати, од кои првиот тип е „Итен 24“, кој ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба (животозагрозувачка/итна состојба) е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.

Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните 7 дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде што се упатува пациентот не постои слободен термин во следните 7 дена за т.н. регуларен преглед.

— реклама —

Имено, упатот без термин нема да се користи за прв преглед, туку за остварување права и обврски на осигурениците од задолжително здравствено осигурување и тоа за:

• препорака за боледување,

• препорака за користење хронична терапија,

• препорака и издавање ортопедски помагала,

• остварување право на БПО,

• остварување други права за кои е потребно мислење од

специјалист/супспецијалист/ конзилиум на лекари,

• преглед/аплицирање терапија, која поради здравствената состојба треба

да се изврши во рок од 24/48/72 часа

Во делот на болничко работење се воведува нова мерка, со која отпусното писмо задолжително ќе се издава на денот на испишување на пациентот од болница, а најдоцна во рок од 24 часа. Доколку за пациентот се чека хистопатолошки наод се издава отпусно писмо со работна дијагноза, а по добивање на резултатите и отпусно писмо со конечна дијагноза.

Исто така, интерклиничкиот упат и интерболничкиот упат се спојуваат во еден тип - Упат за трансфер на хоспитализиран пациент. Управата за електронско здравство, заедно со ФЗОМ во изминатиов период работеше на подготовка на правната регулатива во овој сегмент, во соработка и консултација со јавните здравствените установи и Лекарската комора на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања