Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Новиот амбасадор на Република Бугарија во Македонија во посета на Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bugarski_ambasador_02

Новозназначениот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, денес ја оствари првата работна посета на Битола. Амбасадорот, заедно со генералниот конзул на оваа земја во Битола Димитар Иванов, на средбата со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, се запознаа со тековните активности на општината, како и со надлежностите на локалната и централната власт.

Во фокусот на разговорот беа состојбите во образованието, здравството и социјалната сфера, во делот на згрижувањето на децата и лицата со одреден хендикеп. Градоначалничката Петровска истакна дека пројавената желба за помош е секогаш добредојдена и може да се насочи во  делот на енергетска ефикасност на училиштата, нагледните средства и друга техничка поддршка. Тие заедно ги дефинираа можностите на натамошна соработка, кои ќе се реализираат во мандатот на новоназначениот амбасадор.

— реклама —

Неговата екселенција, амбасадорот Ангелов, ја потврди досегашната позитивна пракса на делување на двете земји, особено со Битола како град во кој е сместен Генералниот конзулат, преку кој се остварувала, но и ќе се остварува соработката во иднина на сите полиња.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања