Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Новиот булевар „Македонско-косовска бригада“ ќе има четири ленти, велосипедски патеки и зеленило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryghm8fs4asloi20l22W1

Последните подготвителни активности пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“ се при крај, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, извршил увид во завршните активности пред почетокот на градежните работи.

— реклама —

Во првата фаза, булеварот ќе се гради на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до булеварот „Босна и Херцеговина“.

Проектот предвидува современ булевар со четири сообраќајни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двата правци и уредени тротоари.

— реклама —

Во рамките на проектот ќе биде изградена и нова атмосферска канализација, современо улично осветлување и заштитно зеленило од двете страни на булеварот. Предвидени се и посебни проширувања кај автобуските стојалишта, со цел да се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Ѓорѓиевски посочува дека со изградбата ќе се создаде нов и уреден урбан простор, со подобра сообраќајна поврзаност и поголема безбедност за граѓаните.

„Скопје го развиваме рамномерно, во секоја општина и за секој граѓанин“, порача градоначалникот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3iv1jbe8438q2BqlKAG

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhc48gdh0e4qvc35eacG

(Видео) Сообраќајка во Чаир: се судрија автомобили, делови од нив се по улицата

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryoqe0glts9k850Gs0EQd

По синоќешниот протест во Чаир, сообраќајот е нормализиран, а проблемот со водоводната мрежа е саниран

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo2di6bl0e9adeM6snzP

(Видео) Граѓаните вчера излегоа на протест во Чаир поради проблеми со водоводот и канализацијата

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања