Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Новиот директор на М-НАВ, стар кадар на ДУИ - со државни пари си ја шетал сопругата во Мадрид и трошел без усул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Новиот директор во М-НАВ, Илир Мехмеди, е стар кадар на ДУИ. Не е првпат да менаџира институција, ако се има во предвид дека претходно бил директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба. За него се врзуваат злоупотреби при работењето, а утврдени со ревизија.

Исплата на сомнителни фактури, непочитување на закони, ненаменско трошење на пари. Сето ова додека директорувал по предлог на ДУИ. Мехмеди, според ревизорите, со државни пари ја шетал и сопругата во Мадрид, а пак, за приватното патување во Сингапур трошел од службената каса.

— реклама —

Контролата покажала дека од касата на управата биле исплатни повеќе од 25.000 евра за набавка на мебел, клуб маси, трпезариски столови, комоди, фотелји, двоседи, избира, телевизори, ДВД, кои воопшто не биле евидентирани по пописот во просториите на Управата на крајот на 2005 година.

— реклама —

Ревизорите утврдиле дека спротивно на законот во Управата каде директорувал Мехмеди, повеќепати се набавувале стоки и услуги со помала вредност, се делеле аванси, спонзорства, не се применувале законските обврски за тужби против авиокомпании должници и повеќе незаконски активности со кои сметките на управата и на државата била оштетена за милионски суми.

— реклама —

„Исплати на средства за набавка на опрема, материјали, резервни делови и ситен инвентар и користење на услуги од повеќе доставувачи, во износ од 860.000 евра биле потрошени без спроведена постапка за јавна набавка или спроведена постапка спротивно на Законот за јавни набавки“, пишува во извештајот на Ревизија.

Мехмеди дојде на директорското место во М-НАВ откако директорот Фахрудин Хамиди беше разрешен од позицијата по тепачката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања