Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Новиот градоначалник на Солун: „Не ми е лесно да кажам Северна Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zavros

Не ми доаѓа лесно да кажам Северна Македонија, вели новиот градоначалник на Солун, Константинос Зервас, говорејќи за грчкиот весник „Катимерини".

— реклама —

Во однос на тоа кое име го користи за соседната земја и додава дека ја нарекува Скопје или ФИРОМ, jави дописничката на МИА од Атина.

— реклама —

Солунскиот градоначалник вели дека Договорот од Преспа е лош договор и е со комплетно различна позиција во споредба со неговиот претходник Јанис Бутарис за т.н. дипломатија на градовите.

-Градоначалникот на Солун не е ниту министер за надворешни работи, ниту министер за туризам, ниту верувам толку многу во дипломатијата на градовите. Јас, исто така, сум малку почувствителен во патриотските и националните прашања. Сметам дека требаше да ги чуеме историјата и чувството на градот за некои прашања што се однесуваат на нашите односи со нашите северни соседи. Сметам дека Договорот од Преспа беше лош договор, вели Зервас.

— реклама —

На прашањето, доколку премиерот Зоран Заев го покани да ја посети соседната земја, дали ќе оди, солунскиот градоначалник вели дека ќе го остави тоа за во иднина, а во однос на спроведувањето на Договорот од Преспа, објаснува дека тие ќе работата за сѐ што се појавува во светот како „македонско" да се однесува на Грција.

— реклама —

-Јас имам изјавено дека како општина Солун ќе работиме за било што се појавува како македонско во светот да се однесува на Грција, а не на републиката на Скопје, коментира Зервас и објаснува дека не му доаѓа лесно да го користи новото име за нашата земја. /МИА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања