Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Новиот министер Лога потпиша, згаснува името „Иван Михајлов“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Новиот министер за правда Кренар Лога денеска го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото здружение од Битола, откако Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов.

— реклама —

- Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, соопшти Министерството за правда.

— реклама —
— реклама —

Решението е донесено според новите измени во Законот за здруженија и фондации, каде во член 9-а за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности.

— реклама —

Бугарскиот културен клуб сега е обврзан да побара пререгистрација или во спротивно му се заканува укинување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања