Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Новиот текст на Предлог - законот за енергетска ефикасност помина на Влада, на ред е Собранието  

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
energetska-efikasnost

Владата го разгледа и утврди новиот текст на Предлог - законот за енергетска ефикасност, и донесе одлука да го достави на усвојување до Собранието на Република Северна Македонија.

Целта на овој закон е да се обезбеди намалување на енергетските потреби и потрошувачка преку ефикасно користење на енергијата и да го намали негативното влијание врз околината. Со новите законски мерки ќе се зголеми енергетската ефикасност во областа на домувањето и градежништвото, ќе се зголеми енергетската ефикасност во јавниот сектор, кај големите трговци и во транспортниот сектор, и ќе се постигне поголем степен на искористување на обновливите извори на енергија.

— реклама —

Во насока на остварување на стратешките цели на владата за заштита на животната средина, на оваа седница на владата е разгледана и усвоена информацијата за нацрт предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила, и ги задолжи Министерството за економија во соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Министерството за финансии и Царинската управа на РСМ, како и со претставник на здружението на увозници на автомобили,  да формира работна група која ќе направи анализа за начинот и можностите за субвенционирање согласно предложената програмата.

— реклама —

На предлог на Министерство за образование и наука на оваа седница на Владата на РСМ е усвоена информацијата за предлог проект/програма „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, и го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Министерството за образование и наука да подготви и преку Министерството за надворешни работи да достави одговор до Владата на СР Германија и КфВ во насока на прифаќање на заем во износ до 20 милиони евра со барање поддршка за грант во износ од 5 милиони евра од REEP+ програмата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања