Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Новиот Закон за енергетска ефикасност денеска стапи на сила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
minsitestvo-za-ekonomija

Новиот Закон за енергетска ефикасност кој минатата недела беше изгласан во Собранието на Северна Македонија и беше објавен во Службен весник на денеска стапи на сила.Материјата за енергетска ефикасност досега беше регулирана со стариот Закон за енергетика од 2011 година и соодветните подзаконски акти. Имајќи го тоа предвид, постоеше значајна бариера за имплементација на мерки за енергетската ефикасност во нашата држава, соопшти Министерството за економија.

— реклама —

Старото законско решение го попречуваше развојот на пазарот на енергетските услуги, со тоа и инвестициите во оваа област, иако приближно 300 енергетски контролори посетија обуки и положија испити, по што се стекнаа со овластување за вршење на енергетска контрола и соодветно на тоа околу 80 друштва се стекнаа со лиценца за вршење на енергетска контрола.

— реклама —
— реклама —

Со новиот Закон за енергетска ефикасност кој откако беше објавен во Службен весник и од денеска стапи на сила, нашата држава во целост ги имплементира соодветните прописи за енергетска ефикасност на Европската Унија.

— реклама —

Извор: Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања