„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Новите 25 питомци во АРМ дадоа заклетва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
11-1

— реклама —

Со свеченост на Воената академија денеска беа промовирани 26 потпоручници во АРМ, а заклетва дадоа нови 25 питомци кои го започнуваат своето воено образование. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање им честиташе на промовираните потпоручници и новопримените питомци, им порача дека тоа се идните армиски лидери и дека тие влегуваат во институција која со право ужива највисока доверба помеѓу граѓаните на Република Македонија.

— реклама —

„Вие сте идните армиски лидери кои ќе ја подигнат Армијата на Република Македонија на уште повисоко ниво и кои ќе успеат да го држат чекорот со современите текови и стандарди во одбранбената политика“, рече министерката Шекеринска. Изрази задоволство што во секоја класа питомци има сè поголем број на припаднички на женскиот пол, што, како што рече, покажува дека Македонија и армијата се менуваат на подобро, создавајќи шанси и отворајќи врати на сите, дури и во професии кои долги години се сметале за машки.

Министерката истакна дека Македонија ги прави последните чекори од 27-годишниот маратон кон НАТО, и додаде дека оваа континуирана посветеност и определба за која работеа илјадници припадници на АРМ заслужува да биде крунисана и Македонија да стане 30. членка на НАТО.

На Воената академија денеска во потпоручници беа промовирани и 2 питомци од Црна Гора, како и 1 питомец од Косово, а свечена заклетва дадоа 4 нови питомци од Босна и Херцеговина, 3 од Црна Гора и 1 од Косово.

Говорејќи за идните чекори во развојот на Воената академија, министерката истакна дека со помош на НАТО- тимот за подобрување на процесот на военото образование, со забрзана динамика се работи на целосна модернизација на програмата и плановите за подготовка.

„Согласно новите предизвици на модерното општество во областа на сајбер безбедноста и одбраната, во Воената академија оваа академска година ги започнавме постдипломските студии на програмата „Сајбер безбедност и дигитална форензика“. Во моментов на овие магистерски студии се школуваат 30 студенти, а во рамки на Академијата размислуваме како повеќе акцент да ставиме на овие модерни предизвици, модерни ризици и нови начини како со нив да се справиме“, заклучи министерката.

Деканот на Воената академија, полковникот Орце Поповски, рече дека давањето на свечена заклетва е најсветото нешто што секој офицер мора да го чува и да се држи до него.

„Вие штотуку дадовте збор дека дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувате сите обврски и задачи. Се заколнавте дека ќе ја браните слободата, територијата и сувереноста на нашата татковина - Република Македонија. Тоа е нешто што мора да го запаметите и да го имате пред себе секој ден, за време на вашето школување во Воената академија“, рече полковникот Поповски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања