Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Новите цени на горивата ќе предизвикаат и нов бран поскапувања“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција оцени дека новото зголемување на цените на горивата ќе предизвика дополнителен бран поскапувања и уште повеќе ќе го влоши животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Според него, Владата нема план и капацитет да се справи со растот на цените и со економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

— реклама —

„Од оваа Влада граѓаните може да очекуваат само една нова нула. Ниту план, ниту визија, ниту стратегија за решавање на секојдневните, сè поголеми проблеми. Економијата стагнира, животниот стандард опаѓа, а цените постојано растат. Новото покачување на цените на горивата ќе предизвика дополнително активирање на спиралата на поскапувања“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека, според него, Владата во изминатиот период не презела ефикасни мерки за да го спречи растот на цените, оценувајќи дека нема одговор ниту на економските предизвици, ниту на прашањата поврзани со европските интеграции.

— реклама —

„Видовме дека Владата не успеа да се справи со ова, ниту направи чекор да го спречи растот на цените. Европскиот пат е блокиран, а тие немаат одговор на ниту едно суштинско прашање, најмалку како да им помогнат на граѓаните кои се соочуваат со нови поскапувања“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања