Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Ново бегство од затвор во Македонија, нова потврда дека се случува распад на системот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
zatvor

Ново бегство од затвор во Македонија, нова потврда дека се случува распад на системот, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Поминаа 11 дена од бегството на Нафи Абдиовски од затворот во Шуто Оризари, а од надлежните институции нема ниту одговори, ниту одговорност.

— реклама —

Дополнително скандалозно во овој случај е што лицето Нафи Абдиовски, кој има богато досие со 16 кривични дела е тоа што има најмалку толку фотографии со функционери на СДС и власта. Во фото албумот на ова лице меѓу другото се наоѓаат фотографии со Заев, Оливер Спасовски, Груби, Пендаровски, фотографии од настани на СДС и фотографии сликан внатре во владата. Очигледно Абдиовски бил омилен на функционерите на СДС.

— реклама —

Овој човек бил сместен во полуотворено одделение на затворот Скопје, што веројатно му помогнало да излезе и да не се врати во затворот. Дали контактите со сите овие функционери од власта му помогнале да има привилегиран статус или можеби му помогнале да избега од затворот?

Да потсетиме со затворот Шутка директорува Филип Андов викан Сокол, поранешен советник на Заев и лик поврзуван со низа скандали и афери. Дали Андов му помогнал на Абдиовски, неговиот партиски пајташ да побегне од затворот кој го раководи? Дали и ова бегство е исценирано? Дали пари ги отвораат затворските железни врати за криминалците да може да избегаат? Во најмала рака после ова бегство, Андон викан Сокол треба да понесе одговорност и да поднесе неотповиклива оставка од позицијата директор на затворот Шутка. Ако на самиот Сокол не му текнува тогаш Ковачевски нека го разреши, ако има храброст. Скандалозните бегства во затворите станаа премногу честа појава.

Половина месец, две скандалозни бегства од затвор, НУЛА одговорност. Тоа е разултатот на оваа власт на Ковачевски. Овој распад на системот може да се спречи само на избори, кога оваа криминогена и неспособна власт ќе биде поразена и сменета“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања