Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ново издание на „СКВЕР АРТ“ во Ресен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
62520189_612720749249998_29952242928844800_n

На плоштадот во Ресен, денес се одржува традиционалната манифестација „Сквер арт“. 20-тина ученици од ликовната секција при Домот на културата „Драги Тозија“, на отворен простор имаат можност да ги претстават своите ликовни креации, цртајќи на хартија, но и да ја покажат ликовната умешност, цртајќи на подните плочки на плоштадот „Цар Самуил“.

— реклама —

Директорот на Јавната установа Дом на култура „Драги Тозија“, Васко Василевски истакна дека оваа манифестација е многу важна за нив како организатори, затоа што ја побудува креативноста кај младите, истовремено мотивирајќи ги да креираат и заеднички да се дружат.

— реклама —

„Членовите на нашата ликовна секција преку овој настан се мотивирани јавно да ја покажат својата умешност на дело и да остават белег во однос на ликовната уметност во Преспа. Наша задача е да ги мотивираме, а воедно и да им даваме постојана можност да се усовршуваат. Кој знае, можеби еден ден некој од денешните учесници ќе биде голем ликовен уметник“, рече Василевски.

— реклама —

— реклама —

Покрај учениците и случајните минувачи имаа можност да нацртаат нешто и да земат учество во манифестацијата. Организатори на овој настан се Домот на култура „Драги Тозија“ и Општина Ресен.Ликовната работилница „Сквер арт“ е поддржана од Министерството за култура во годишната програма за проекти од национален интерес од областа на културата за 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања