Промени тема
Контакт

Ново намалување на горивата, имаме најниски цени во регионот, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Благодарение на ефективните мерки на Владата предводена од СДСМ за намалување на ДДВ и акцизата имаме најниски цени на горивата во регионот, вели СДСМ.

„Кај нас веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари за литар.

Од полноќ има ново намалување, бензините се продаваат по цени пониски за пет денари по литар, дизелот поевтинува за шест денари по литар, а екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 5,50 денари по литар.

— реклама —

Граѓаните во нашата држава точат бензин БС-95 со пониска цена во однос на Грција, каде бензинот е најскап и чини 1,94 евра, потоа во Албанија (1,62), Хрватска (1,57), Црна Гора (1,54), Словенија (1,503), Романија (1,5), Србија (1,45).

— реклама —

Исто е и со дизел горивото, кое во Грција се продава за 1,99 евра за литар, следува Албанија со 1,70 евра за литар, Хрватска со 1,59 евра, Србија со 1,55 евра за литар, па Косово каде дизелот се продава за 1,50 евра, Во Бугарија чини 1,48 евра, а во Црна Гора 1,47.

Ова е уште еден доказ за ефикасноста на антикризниот пакет од 26 мерки на Владата предводена од СДСМ, со кој во најголемата светска економска и енергетска криза, цените на горивата кај нас се намалуваат.

— реклама —

СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економската стабилност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања