Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ново олеснување за клиентите на АЛТА банка: Компаниите ќе можат да исплаќаат плати и придонеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 50 минути -

Македонија
media-library52t7pfa4rkcueLXpvRg
Скопје1.мк

Компаниите што во изминатите три месеци редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола повторно ќе можат да ги користат средствата од своите сметки за исплата на плати, даноци и придонеси. Ова е овозможено со најновата измена на Решението за администрација, донесена од Народната банка.

— реклама —

Мерката се однесува на фирмите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ била редовна практика во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Дозволениот износ за исплата може да биде до пет проценти повисок од вкупната сума на исплатени плати во октомври.

— реклама —

Со ова се овозможува продолжување на редовните исплати кон вработените и подмирување на обврските кон државата, додека Народната банка ја задржува контролата врз одливот на средства од банката.

— реклама —

Олеснување има и за физичките лица. Тие ќе можат без ограничување на износот да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“, доколку средствата се префрлени од платежни сметки во други банки или кај други даватели на платежни услуги.

— реклама —

Од Народната банка информираат дека внимателно ја следат состојбата во „АЛТА банка“ и продолжуваат да ги приспособуваат мерките, со цел постепено олеснување на ограничувањата, заштита на интересите на клиентите и соодветна контрола врз движењето на средствата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања