Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ново улично лед осветлување на улица Васко Карангелевски во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Osvetluvanje_7

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, на прес конференција претстави уште еден целосно реализиран проект, ветен од сегашната локална самоуправа.

„Средствата на граѓаните секогаш е важно да се вложуваат наменски, да се прави рационализација и домаќински да се работи. Токму од тие причини, поради големите трошоци за електрична енергија во делот од уличното осветување, Општина Битола постепено ги исфрлува од употреба постоечките типови на светилки (натриумови и живини светилки ) и врши замена со лед светлечки светилки.

— реклама —

Со имплементација на напредни и иновативни технологии, може многу поефикасно да се управува со уличното осветлување, воедно овозможувајќи им значајни придобивки на граѓаните, а при тоа да бидат задоволени сите постоечки стандарди. Со примена на лед технологијата во делот од уличното осветлување, се добива заштеда на електрична енергија и до 70 %, а со тоа и поврат на инвестицијата.

На видео презентацијата, беше посочено дека во должина од 830 метри, се поставени 91 арматура со лед сијалици. Заштедата на годишно ниво, само од една сијалица е околу 100 евра. Од сите светлечки арматури, заштедата е околу 9000 евра на годишно ниво, само на улицата Васко Карангелевски.

— реклама —

Со поставувањето нa лед осветлувањето во делот на сообраќајниците и локалните патишта во зоните на живеење, дополнително се инвестира во енергетската ефикасност на системот за улично осветлување, а при тоа граѓаните ќе имаат придобивки и во однос на социјалната и сообраќајната безбедост.

Во иднина,  замената на постојното улично осветлување и на останатите улици во градот, особено живините сијалици, ќе предизвика не само заштеда во пари, туку ќе има и учинок во аерозагадувањето, затоа што при нивното уништување се испуштаат гасови кои се штетни за околината.

Ветивме и остваруваме подобра иднина за Битолчани!“, истакна Петровска.

— реклама —

На прес конференција директорот на ЈП Комуналец Панде Богоевски објасни дека до крајот на годината поголемиот дел од главните улици во градот ќе бидат опфатени со проектот за поставување на лед светилки.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања