Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Новогодишен концерт во Ресен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
2-13

Со новогодишниот класичен концерт во Ресен, завршија бројните културни настани кои се одржаа деновиве во рамките на предновогодишната програма, организирана од Домот на културата „Драги Тозија“ од Ресен.

Учениците од школата за пијано, која работи под водство на Гоце Милошевски, одржаа концерт во кино салата во Ресен, пред бројната ресенска публика.

— реклама —

„Учениците во оваа школа во текот на целата година макотрпнo работат, вежбаат, настапуваат и го претставуваат Ресен во државата и надвор од неа. Токму затоа, овој концерт за нас значи многу и ни претставува особено задоволство што пред нивните родители и останатите наши сограѓани, тие имаат можност да го прикажат својот талент“, рече наставникот Гоце Милошевски.

— реклама —

Како специјални гости на овој концерт настапија и професорите Љупчо Милевски на виолончело и Игор Милевски на виолина.

— реклама —

Домот на културата „Драги Тозија“, како носител на културните  настани во Ресен и годинава понуди квалитетни содржини за сечиј вкус во текот на месец декември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања