„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Новогодишна радост на детската клиника - Дедо Мраз го донесоа пожарникарите, Филипче подели пакетчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Во пресрет на предновогодишните празници утрово, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје заедно со Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на еден поинаков начин ги израдуваа децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.

— реклама —

Точно во 9 часот, противпожарното возило ги вклучи сирените и го најави доаѓањето на Дедо Мраз, кој годинава поради пандемијата новогодишните пакетчиња ги донесе користејќи пожарникарски скали. Министерот Филипче ги пречека подароците на терасата на Клиниката и им ги подели на децата.

— реклама —

Филипче кој традиционално присуствува на предновогодишниот настан за најмалите пациенти, на децата и нивните родители им посака среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост, што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања