Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Новогодишна желба на Најчевска: Сакам да живеам во Македонија во која судиите не се закачалки за судиските одори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarylsne7n3te7a6e8FgvRG

Проф. д-р Мирјана Најчевска на ФБ напиша што посакува во новата 2026 година:

— реклама —

Сакам да живеам во Македонија во која на раководни позиции доаѓаат луѓе со интелигенција над собна температура и морал над уличен џепарош.

Сакам да живеам во Македонија во која наставниците добиваат највисоко можно образование, плати на ниво на среден менаџмент и поддршка од централната и локалната власт.

— реклама —

Сакам да живеам во Македонија во која се стеснуваат улиците а се прошируваат пешачките патеки, во која градскиот превоз е основниот превоз кој го користат луѓето, во која се рушат сите бесправно изградени објекти и на нивно место се градат паркови и игралишта и во која не смее да се промени урбанистичкиот план пред да поминат 5 години од претходната промена.

Сакам да живеам во Македонија во која коцкарниците, црквите и џамиите се претвораат во библиотеки.

Сакам да живеам во Македонија во која јавото здравство е на повисоко ниво од приватното.

Сакам да живеам во Македонија во која заштитата на животната средина е поважна од профитот.

Сакам да живеам во Македонија во која не смее да има “продавници“ за пари, брзи кредити и слична лихварска багра.

Сакам да живеам во Македонија во која даноците на добивка се најголеми за оние најбогатите и најмали за оние најсиромашните.

Сакам да живеам во Македонија во која верската и етничката припадност се дел од личното убедување и се наоѓаат во приватната сфера.

Сакам да живеам во Македонија во која патните трошоци на пратениците и сите функционери се на ниво на автобуска/железничка карта од втора класа, а платите се врзани за висината на минималната плата.

Сакам да живеам во Македонија во која различноста не е основа за дискриминација.

Сакам да живеам во Македонија во која живеат луѓе, а не партиски марионети.

Сакам да живеам во Македонија во која вредноста на човекот се мери според знаењето, а не според партиската припадност.

Сакам да живеам во Македонија во која судиите се луѓе со знаење и интегритет а не закачалки за судиските одори.

Ете јас да си посакам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library39s2fci7gs6916JrQIB

„За мене ова е насилство врз децата, а не само перење мозок“, Најчевска реагираше оти основци беа на промоција на детски молитвеник

Коментари | пред 2 седмици

839FC7A4-E1C3-4483-80B1-9AFE1BD533D4

Најчевска: Кој ќе се осмели на извршителот на мафијата нешто да му направи во затвор? Јасно ви е дека е направен дил?

Коментари | пред 2 седмици

najcevska

Остра порака од Најчевска: Сѐ е според закон, проблемот е што законите се криминални

Коментари | пред 3 седмици

mirjana-najcevska

„Се исплашив дека ќе стават човек со интегритет“ – Најчевска за изборот на Маричиќ во ДИК

Коментари | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања