Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Новогодишно обраќање на Бачев: Ќе ја поразиме марионетската власт, Македонија ќе победи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-21

2018 година е веќе зад нас, пред нас е новата 2019 година. Секој од нас си има свое видување за годината што измина и свои цели, желби и соништа за годината пред нас. И на секој од нас многу фактори му влијаеле на индивидуален план годината да му биде подобра или полоша, изјави лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев во своето новогодишно обраќање.

— реклама —

„Другата страна се случувањата во државата кои директно или индиректно влијаат на нашите животи.

— реклама —

На државен план, ќе се согласиме дека годината зад нас ја одбележаа настани кои го доведуваат во прашање опстанокот на македонскиот народ и македонската држава.

— реклама —

Во Македонија беше инсталирана марионетска власт купена и контролирана од странски центар со цел промена на вековното македонско име, идентитет, историја и традицијата на македонскиот народ.

Затоа, Единствена Македонија презеде една поактивна улога. Заедно со 72 организации од земјата и дијаспората го формиравме Кризниот штаб „Македонија-Бојкотира„ кој извојува голема референдумска победа со македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија.

„Македонија-Бојкотира„ водеше исцрпувачка референдумска кампања со посета речиси на секое село и град во Македонија на средби, собири и митинзи со народот. Победата дојде на 30 септември кога народот на референдумот се изјасни дека не сакаат членство во ЕУ и НАТО и промена на името.

Окупациската власт одлучи да не ја почитува народната волја на референдумот и Единствена Македонија ја продолжи битката преку „Македонија-Блокира„ како продолжение на „Македонија-Бојкотира„. Во „Македонија-Блкокира„ се здруживме 84 организации од земјата и дијаспората, сплотени и единствени да се бориме до крај, да останеме свои на своето и оваа битка во моментот се уште трае.

Со ваквата ориентација продолжуваме и во новата 2019 година давајќи го максимумот за унитарна, подобра и поуспешна Македонија со своето вековно име - Република Македонија.

На партиски план Единствена Македонија промовираше еден поинаков модел за иднината на Македонија што подразбира дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон.

Понудивме алтернатива за сојуз со Русија и Евроазиската економска унија каде припаѓа иднината на светот и каде не не условуваат со промена на името и идентитетот.

Оваа наша определба наидува на голема подршка заради што марионетската власт во Скопје во спрега со високи дипломатски и политички претставници од ЕУ, НАТО и САД започнаа специјална војна против Единствена Македонија.

Меѓутоа, колку и да е голем растежот на Единствена Македонија ние мора да ја одбраниме Македонија имајќи ја предвид простата вистина дека доколку се растури државата сите ќе не затрупа во неа. Што ќе ни е партијата ако ја изгубиме државата!?

Годината што измина сите сакаме што побргу да ја заборавиме, а и во годината што доаѓа Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.

Цел свет гледа дека Македонците се цврсто решени да го спречат геноцидот врз македонскиот народ. Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето.

Едно е јасно. Оваа битка можеме да ја добиеме само сплотени и единствени како Македонци оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е исправна, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи.

На крајот Ви посакувам Среќна нова 2019 година со многу желби за многу среќа и добро здравје“, изјави Бачев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања