Годишниот буџет за сите обвинителства според новиот закон кој е во собраниска процедура изнесува околу 3.7 милијарди евра, што значи дека за новото СЈО би се одвојувале околу 1.5 милион евра годишно. Покрај тоа, новиот јавен обвинител ќе мора финансиски да ја врати штетата доколку „утре“ се покаже дека ја проневерил функцијата, а и законски ќе биде задолжен да биде отворен кон јавноста.
Сепак, четирите амандмани се само една петтина од забелешките што ги има најголемата опозициска партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека допрва треба да се разговара за клучните прашања: статусот на предметите што ги отвори СЈО, иднината на другите обвинители од Специјалното обвинителство, но и името на новиот шеф на новоформираното Обвинителство, кое опозицијата сака да го предложи, а никако да не биде Вилма Русковска. Ново е тоа што ВМРО предлага новиот шеф да не мора да биде обвинител, туку може да биде и професор.
Двотретинско мнозинство е потребно и за да се изгласа новиот закон за обвинителство, но власта го нема во моментов, поради што се инсистира на договор со опозицијата. Во спротивно, од „Илинденска“ порачаа дека имаат план „Б“. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека во таков случај новиот закон ќе важи само додека се смени власта.