Нухиу одржа работна средба со Италијанскиот заменик амбасадор Ликуори    

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
1I

Денеска, министерот за внатрешни работи  на  Република Северна Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со заменик амбасадорот на Италијанската  Република во  Скопје г. Алесио Ликуори.

— реклама —

На средбата беа потврдени пријателските односи,  довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од взаемен интерес,  со фокус  на продлабочувањето на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам. Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведуваа во нашата држава, активностите кои се преземаат по нивното  завршување, како и активностите  кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид - 19“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања