Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

NVIDIA повеќе не е меѓу трите највредни американски компании

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 32 минути -

Свет
media-librarylcu5kcd3p1fc4Q3qvCg
unsplash

Компанијата Енвидија (Nvidia) падна зад Алфабет (Alphabet), матичната компанија на Гугл, според пазарната вредност и сега е четврта највредна американска компанија, по продолжениот пад на вредноста на нејзините акции.

— реклама —

Пазарната вредност на Енвидија се проценува на 3,03 билиони долари, додека вредноста на акциите на компанијата во последните 24 часа паднала за 14,01 отсто и сега изнесува 125,53 долари.

— реклама —

Алфабет се проценува на 3,26 билиони долари, а една акција на компанијата вреди 265,29 долари.

Трендот на пад на вредноста на акциите на Енвидија, кој започнал неколку дена по оставката на коосновачот Џенсен Хуанг, претставува најдолга серија загуби на компанијата од 2008 година.

— реклама —

Како што пренесува „Ројтерс“, падот на Енвидија на листата на највредни компании укажува и на промена во берзанските трендови во секторот на вештачката интелигенција. Инвеститорите сè повеќе се насочуваат кон компании кои големите инвестиции во вештачката интелигенција ги комбинираат со веќе воспоставени извори на приходи од клауд-услуги и софтвер.

— реклама —

На првото место се наоѓа „Епл“ (Apple), чија пазарна вредност се проценува на 5 до 5,1 билиони долари, додека на второто место е „Мајкрософт“ (Microsoft), со проценета вредност од 3,6 до 4,1 билиони долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4quvrp1mh9k140V9TkC

NVIDIA и Microsoft ја најавија новата генерација AI компјутери

Свет | пред 5 месеци

— реклама —
Nvidia-RTX-4090

Nvidia ги претстави GeForce RTX 4080 и RTX 4090

Магазин | пред 4 години

RTX_4090_or_RTX_4090_Ti_TDP_power_PSU_drdNBC

(ВИДЕО) Nvidia подготвува огромна графичка картичка

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања