Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

НВО Саем „Заедно до подобро општество“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
47486682_2094311180615083_4348061750432628736_n

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска го отвори НВО саемот, кој годинава се одржува под мотото „Заедно до подобро општество“, во контекст на одбележувањето на 5-ти декември, Mеѓународниот ден на волонтерството, во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје .

— реклама —

НВО саемот кој е во организација на Волонтерскиот центар Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се оддржува по четврти пат со цел меѓусебно вмрежување на Граѓанските здруженија и фондации, што резултира со успешни партнерски проекти.

— реклама —

— реклама —

- Соработката и меѓусебното приближување, поттикнати од позитивната енергија на вмрежената комуникација е најголемата придобивка и на градот Скопје и на општеството, и тоа ние треба да го поддржиме како локален, но и како општествен императив - нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека ваквата констатација ја уважува и Град Скопје, кој повеќе од десетина години ја практикува соработката со Граѓанските здруженија и фондации и ја поддржува нивната работа.

- Потврда за ова е и овогодинешната поддршка на Град Скопје при реализацијата на НВО саемот, кој е од суштествено значење за локалното вмрежување на Граѓанските здруженија и фондации, чија природа на дејствување се сообразуваа со она што значи „Заедно кон подобро општество“, кое може да се восприеми како определба, мисија и визија на годинешниов НВО саем - резимираше Јанчева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања