Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

О2 иницијатива: Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

О2 иницијатива објави споредба на податоците од 2005 до 2022 година за загадувањето на воздухот со ПМ10 честички. Тие велат дека во Скопје, Тетово, Миладиновци, Кочани, Битола и Гостивар се регистрирани најниски вредности во изминатите две години.

„Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува?

— реклама —

Направивме споредба од 2005 до 2022 година служејќи се со податоците од МЖСПП.

Главен тренд е на намалување, наспроти субјективното чувство дека е исто или полошо.

Најниски вредности за Скопје, Миладиновци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар се регистрирани во изминативе две години. За Кавадарци и Велес во 2016, Кичево во 2018, Струмица во 2019.

— реклама —

Троцифрените вредности за PM10 се јавуваат кога индустријата работи без филтри.

Законски пропишани вредности до 40 µg/m3 годишно, за 2022 година имаме во Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Лазарополе и Берово. Најверојатно тука се и Кочани и Гевгелија, но за нив нема доволно мерења во 2022. До 2017 година само Лазараполе го постигнувал законскот лимит.

— реклама —

Највисоки вредности во 2022 г. имаат Струмица и Кичево.

Во однос на годишните вредности за PM10 според СЗО, до 15 µg/m3, само Лазарополе го исполнува тој услов.

На што се должи главниот тренд на намалување на загадувањето не може да се каже точно, но временските прилики играат клучна улога.

— реклама —

Сериозен проблем за вистинско споредување на просечните годишни вредности се бројните денови без податоци. Мониторинг системот на МЖСПП никако да се доведе во состојба на континуирано мерење, постојано има празнини и не е можно точно детерминирање на вредностите и нивно споредување", стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања