ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

О2 иницијатива: Пироманија ни е дијагнозата во Република Депонија и Чадојна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
deponija-21

Пироманија ни е дијагнозата во Република Депонија и Чадојна. Секој ден масовно нешто се пали и така цела цела година. Диви депонии, ниви, запуштени и напуштени јавни површини, кабли, гуми.... „Државава ни личи на едно бојно поле каде секојдневно секој некаде нешто пали, а граѓаните, децата мали дишат“ напиша загрижен жител, во допис до институциите и граѓанските здруженија, напишаа на својот фејсбук профил од О2 иницијатива.

— реклама —

Тие се категорични:

РЕШЕТЕ го проблемов.

— реклама —

Неопходно е да спроведете масовна едукативна кампања за штетноста од оваа појава, најдете начин преку медиумите, да допрете до луѓето, да им стане јасно колку се изложени на ризик, одете од општина до општина и директно едуцирајте ги.

Дајте им алтернатива за стрништата, за уништувањето на отпадниот органски материјал од нивите, поставете компостари насекаде, научете ги како да компостираат, ако инсектите се причина за палењето, помогнете им со вистински информации, дајте им алтернатива која нема да биде масовна употреба на инсектициди и хербициди.

Алтернативите сигурно им се добро познати на органските производители. Ако нема доволно контејнери за одлагање на отпад и собирањето е проблематично, поставете доволен број, воведете редовна служба која ќе го собира.

Создадете услови за рециклирање.

Казнувајте.

Но решете го еднаш проблемот и дајте да не бидеме последната нецивилизирана земја на континентов велат од о2 иницијатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања