Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

O2: Во Гази Баба се планира фабрика за топење отпад, дури и радиоактивен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
parcela-1

На 4 катастарски парцели во о. Гази Баба се планира изградба на постројки за термички, физичко - хемиски и хемиски третман на неопасен отпад. Локацијата на КП 11589/1, 11683, 11684 и 11730/1 во КО Старо Скопје е северно од комплексот Железара и источно од о. Бутел , се вели во објавата на О2 иницијатива.

Во продолжение на објавата се додава:

👉 Во тек е спроведување на стратегиска оцена за влијание за животната средина (СОЖС) со рок за доставување на забелешки до 30.04.2021

Вкупната површина на овие парцели е 229,256 м2. Парцелите се во државна сопственост и ќе се продаваат на инвеститор кој неофицијално е познат.

Општината не дала уште официјални податоци за каков отпад станува збор, ниту со каква технологија тој ќе се преработува и согорува.

— реклама —

⚠️ Неофицијално, на оваа огромна површина се планира да се отвори фабрика која ќе врши третман на троската од Макстил, топење на прашината од филтрите на оџаците од челичарница и топење на цинк. За да се задоволат капацитетите на фабриката, ќе се врши и увоз на индустриски отпад од Косово (☢️ радиоактивен?) и Албанија.

Низ земјиштето што се продава поминува водоводна мрежа за селата Црешево и Смилковци, па со изградбата на фабриката за преработка на отпад, водоводот ќе треба да се премести.

— реклама —

Советникот на о. Гази Баба, Дејан Димитриевски, изјавува дека во близина на ова земјиште има земја што се обработува заради производство на храна и има сознанија дека фирми се заинтересирани таму да отворат конзервна индустрија и други лесни незагадувачки индустрии, но не можат да добијат, зошто земјиштето му се дава на инвеститорот за преработка и согорување на отпад.

Приоритет на отпад, и тоа увезен и по можност ☢️ радиоактивен vs. производство на храна.

Убави приоритети има општина Гази Баба и нејзиниот градоначалник за своите и граѓаните на Скопје и околината. Во кој апсурдистан ние живееме.

— реклама —

извор: О2 иницијатива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања