🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Обединетите нации бараат: Да се избегнува терминот „македонски јазик“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_4

Индикатори за бришење на македонскиот идентитет сѐ пофреквентно „испливуваат на површина“, а потврда за тоа е најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нации, со која на службите во Секретаријатот им се наложува наместо терминот „македонски јазик“, да го употребуваат терминот „јазикот на Република Северна Македонија (РСМ)“, пишува Нова Македонија.

— реклама —

Секретаријатот се вели дека мора да се „избегнува“ терминот „македонски јазик“, во согласност со општиот став дека терминот „Македонија“ и сите деривати од овој термин не смеат да се употребуваат.

Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна.

— реклама —

Понатаму се додава дека од оваа година категоријата „македонски јазик“ ќе се користи за „антички македонски јазик“, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик.

Истиот извор појаснува дека во ООН постои забрана (таканаречена – „BAN“) за зборот „Македонија“ и сите изведени деривати од овој термин (македонски/ска/ско), што од претходниот месец важи и за јазикот.

Попушта ли идентитетскиот бетон од Преспанскиот договор - Нова Македонија (novamakedonija.com.mk)

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања