Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк, денеска ја осуди „запаливата реторика“ во војната на Блискиот Исток и предупреди дека намерните напади врз цивили и цивилна инфраструктура претставуваат воени злосторства.
„Според меѓународното право, намерното гаѓање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство. Сите одговорни за меѓународни злосторства мора да одговараат пред надлежен суд“, изјави Турк во соопштение.
Тој не ги наведе конкретно САД, Израел или Иран, но нагласи дека одговорноста за ваквите дела е неизбежна и дека мора да има правна разрешница.